Тевдовски: Рамниот данок им оди во прилог само на богатите

од desk2

Рамниот данок не даде ниту еден од очекуваните ефекти. Тој им оди во прилог само на најбогатите, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, на јавната дебата за даночната реформа во Собранието на Република Македонија, на која учествуваа пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.

Министерот за финансии Тевдовски на дебатата ја истакна потребата од воведување на праведен систем на оданочување

„Најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани. Рамниот данок им оди во прилог на богатите. Со воведување на рамниот данок само се зголемуваше учеството на богатите во вкупниот доход“, рече Тевдовски.

Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10%.

Слични содржини