Тевез: Фудбалерите можат да живеат без плата неколку години, жал ми е за луѓето кои работат цел ден

од Stefanija Kuzmanovska

Аргентинската фудбалска sвезда Карлос Тевез е згрозен од она што се случува во светот околу пандемијата од  коронавирус.


Милиони луѓе ги загубија своите работни места, економијата е во слободен пад, а богатите кои имаат барем малку срце се обидуваат да им помогнат на сиромашните.

Карлос Тевез е еден од нив. Аргентинецот оствари богатство во текот на својата играчка кариера, а сега сака да им помогне на оние кои најмногу страдаат.

– Ова е вистинска катастрофа. Фудбалерите можат да живеат без плата за неколку години, но жал ми е за луѓето што наутро стануваат во шест часот и се враќаат во девет часот навечер за да ги прехранат своите семејства. Ние фудбалерите можеме да направиме одредени работи, рече Тевез.

Слични содржини