Тежок удар за Милан, Ибрахимовиќ ја заврши сезоната

од Stefanija Kuzmanovska

Златан Ибрахимовиќ (39) ја заврши сезоната, тврди Газета дело Спорт.

Напаѓачот на Милан го повреди коленото на неделното дерби со Јувентус, поради што ја напушти играта во 66-та минута.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вчера потврди дека Ибрахимовиќ нема да биде достапен на претстојните натпревари против Торино и Каriари, а како што стојат работите, повредата е посериозна, па Швеѓанецот ќе го пропушти последниот натпревар во сезоната против Аталанта, што може да го реши патникот во Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ наведува и дека Ибрахимовиќ би можел да го пропушти стартот на Европското првенство, односно првиот натпревар на репрезентацијата на Шведска против Шпанија, кој ќе се одигра на 14 јуни.

Ибрахимовиќ оваа сезона постигна 15 гола на 19 натпревари за Милан.

Милан во моментов е четврти на табелата со 72 бода, како и третопласираната Аталанта, додека Наполи е на второто место со еден бод повеќе.

Слични содржини