The Independent: Апокалиптична порака ја засени лидерската средба во Брисел

од Vladimir Zorba

 

 Европските лидери на итната  средба во Брисел се ритикуваа еден кон други за справувањето со овогодинешниот прилив на бегалци, на позадината на предупредувања дека континуираната несигурност може да ја загрози с Европска унија, објави The Independent

epa03107427 A general view of a part of the newly built fence along the Israeli Egyptian border, 15 February 2012. The fence runs along the entire land border of the Gaza Strip. The separation wall is made up of wire fencing with posts, sensors and buffer zones on lands bordering Israel, and steel walls on lands bordering Egypt. EPA/ABIR SULTAN +++(c) dpa - Bildfunk+++

 Набрзина свиканиот состанок на 11 лидери имаше за цел да се справи со масовно бегалски поток низ Балканскиот пат – од источниот Медитеран до богатите земји – членки на ЕУ. Додека зимата се приближува, а некои земји  ги затвораат своите граници, Европа ризикува да додаде и хуманитарна ситуација кон својата криза. Словенечкиот премиер предупреди за апокалиптичните последици ако Европа не  ја спречи кризата. “Ако не дефинираме конкретни активности, верувам дека Европа ќе почне да се распаѓа”, рече Миро Церар. На состанокот беа дискутирани практични прашања, вклучувајќи заедничко распределба на задачите преку Балканскиот пат кои може да се применат  веднаш. Бугарија, Србија и Романија соопштија дека ќе ги затворат границите, ако некои земји  ја затворат врата за бегалци, предупредувајќи дека нема да дозволат Балканот да станат “тампон зона” за блокирани бегалци.

loading...

Слични содржини