Музичарите од групата The Rolling Stones се подготвени да се вратат на сцената откако ја одложија турнејата во Северна Америка поради операција на срцето на Мик Џегер, соопштија американските медиуми.

Турнејата „No Filter“ на групата во САД ќе почне во Чикаго на 21 јуни. Вториот концерт во градот е закажан за 25-ти јуни. Сите датуми што беа одложени беа презакажани. Нов концерт во Њу Орлеанс беше додаден.

Билетите продадени за првичните датуми се валидни. Луѓето кои не можат да ги користат, ќе им бидат вратени парите.

Турнејата „No Filter“ на The Rolling Stones требаше да започне на 20 април во Мајами. На крајот на март, сепак лекарите го предупредија Мик Џегер, дека треба итно да му биде сменета срцева валвула.

Слични содржини