Тихановскаја: Макрон ќе помогне во преговорите меѓу опозицијата и власта во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вети дека ќе помогне во преговорите меѓу опозицијата и власта во Белорусија, изјави лидерот на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја.

Таа пред новинарите по состанокот со францускиот лидер во Вилњус изјавила дека Макрон ветил дека ќе стори сé за да помогне во преговорите и во ослободувањето на сите политички затвореници во Белорусија.

„Тој вети дека ќе стори сé за да помогне во преговорите за време на оваа политичка криза во нашата земја и дека ќе стори сé за да помогне во ослободувањето на политичките затвореници“, истакнала Тихановскаја.

Тихановска, која беше противкандидатка на белорускиот претседател Александар Лукашенко на претседателските избори на 9 август, отпатува за Вилнус откако белорускиот лидер прогласи победа и започна строго да ги казнува демонстрантите за време на пост-изборните протести.

Слични содржини