Тихановскаја: Белоруските специјалци да се прогласат за терористичка организација

од Vladimir Zorba

Светлана Тихановскаја, која се соочи со Александар Лукашенко на претседателските избори во август, предлага белоруската специјална полиција и Главната управа на Министерството за внатрешни работи за борба против корупцијата и криминалот да бидат прогласени за терористички организации.

„Ја започнуваме постапката со цел да ги прогласиме за екстремистички или терористички организации“, изјави нејзината прес-служба.

Според неа, сите оние кои нема да бидат отпуштени до „крајот на истрагата“ ќе се сметаат за соучесници на властите и ќе бидат предмет на санкции.

Само оние „кои се на страната на народот“ можат да сметаат на амнестија, вели таа.

Да потсетиме, протестите на опозицијата започнаа веднаш по изборите на 9 август. Опозицијата не го признава Лукашенко за претседател и смета дека Тихановскаја, која е во Литванија од крајот на изборите, е легитимен претседател.

Слични содржини