Тихановскаја го повика Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија

од Vladimir Zorba

Лидерот на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде „така потребниот посредник“ за решавање на кризата во Белорусија.

„Очајно ни треба медијатор за да спречиме понатамошно крвопролевање. Макрон може да биде тој медијатор и може да влијае на (рускиот претседател Владимир) Путин, со кого има добри односи“, изјави Тихановскаја за агенцијата Франс Прес.

Тихановскаја побара средба со Макрон, кој денес и утре престојува во Вилнус.

Главната противкандидатка на Лукашенко на изборите, Светлана Тихановскаја, замина во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија е погодена од политичка криза уште од претседателските избори, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Слични содржини