Тихановскаја од Брисел: Белорусија е во длабока политичка криза по украдените претседателски избори

од Vladimir Zorba

По разговорите со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли во Брисел, опозицискиот ривал на претседателот на Белорусија, Светлана Тихановскаја, ги повика Европската унија и меѓународната заедница да му помогнат на белорускиот народ да се избори за „слобода и нова иднина“.

„Се обидовме да се бориме сами, но гледаме дека господинот Лукашенко не сака дијалог. Во овој момент, секоја помош од земјите на ЕУ и другите либерални земји е многу важна“, рече Тихановскаја.

Таа оцени дека Белорусија е во „длабока политичка криза“ по „украдените претседателски избори“.

Слични содржини