Тихановскаја повикува на воведување санкции

од Stefanija Kuzmanovska

Белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја ги повика европските лидери да воведат насочени економски санкции кон приврзаниците на претседателот Александар Лукашенко.

Полицијата во Минск употреби солзавец, гумени куршуми и шок-бомби за да растера десетици илјади демонстранти во неделата, за време на 14-тиот викенд на протестите од спорните претседателски избори одржани на 9 август, на кои победи Лукашенко, објави Ројтерс.

Тихановскаја, која побегна во Вилнус, Литванија, по изборите, за кои тврди дека ги добила, ја повика Европската унија да воведе насочени финансиски санкции против приврзаниците на Лукашенко.

„Само економскиот притисок ќе го повлече овој режим затоа што нема да има пари да плаќање на интервентната полиција и нејзините злосторства“, рече таа во интервју за британската агенција за време на посетата на Стокхолм.

Нашето движење е претежно мирно и не сакаме да одговориме на насилство со насилство, посочи таа.

Слични содржини