Тихановскаја: Пронајдов начин за одржување на нови избори

од Nikola Popovski

Поранешната кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која не ги призна резултатите според кои победи Александар Лукашенко, соопшти дека нејзината цел е да ги обедини најдобрите експерти и демократски сили, така што Белорусија ќе им пристапи на новите избори со што помалку шокови.

Светлана Тихановскаја денеска им порачала на своите приврзаници дека смислила процедура за одржување нови избори, како и нацрт за уставни измени.

„Мојата цел е да ги обединам најдобрите експерти и демократските сили, така што Белорусија ќе им пристапи на новите избори со што помалку шокови“, истакнала Тихановскаја преку видео-врска, како што пренесува Тас.

Протестите се проширија низ Белорусија по изборите на 9 август, бидејќи опозицијата не ја признава победата на Лукашенко, кој освои 80,1 процент од гласовите, а Тихановскаја освои 10,12 проценти.

Слични содржини