Тијана Ајфон оди во затвор поради меѓународна проституција

од Stefanija Kuzmanovska

Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, ја прифати спогодбата со Обвинителството на БиХ, а потоа потпиша договор за признавање на вина со кој се предвидува да биде осудена на една година затвор за меѓународно поттикнување на проституција.

Затворска казна од една година

– Во присуство на адвокат, обвинетата договорно целосно ја призна вината за делото за кое се терети во обвинението – изјави портпаролот на Обвинителството на БиХ, Борис Грубешиќ.

– Предложената казна е во согласност со улогата и одговорноста на обвинетата во извршувањето на кривичното дело. Со склучување на договорот, обвинетата се одрекува од правото на судење и правото на жалба на пресудата што ѝ ја изрече Судот на БиХ врз основа на договорот – рече Грубешиќ, наведувајќи дека Судот го прифатил договорот, пренесува „Курир. рс“.

Да потсетиме, Тијана Ајфон е обвинета дека ги поттикнувала српските државјанки Г. С. и С. П. од Белград да патуваат со неа во Бјелина за да можат да даваат сексуални услуги, каде давале сексуални услуги за по 500 евра на приватна забава. Со нив таа влегла во Република Српска илегално, преку Сава.

 

Слични содржини