557
Белградската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, беше префрлена од затворот во Добој во притворското одделение на КПУ во Бијелина, пренесува „Србија данас“.
На Тијана ѝ беше одреден притвор по нејзиното апсење во полициската операција „Кристал“ под сомнение за меѓународна проституција и криумчарење и од тогаш до сега беше во затворот во Добој.
„Тијана беше префрлена во затворот во Бијелина на наше барање“, рекоа од адвокатската канцеларија „Стевановиќ“, која ја застапува Тијана.
Тие, исто така, рекоа дека поднеле жалба против одлуката на Судот на БиХ да се одреди притвор на Тијана.