Тијана Дапчевиќ за српски медиум зборуваше за губењето на бебето: „Ми се сруши целиот свет“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Тијана Дапчевиќ со нејзиниот сопруг Милан го имаат синот Вук, а сега таа за српски медиум зборувала за загубата на бебето пред да го роди синот.

„Пред да забременам со Вук, имав спонтан абортус. Го изгубив бебето во деветтата недела од бременоста! Многу сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш ми се сруши целиот свет! Ми беше многу тешко. За Милан и мене, тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што тогаш налетав на д-р Снежана Ракиќ од ГАК ‘Народни фронт’, која ми го спаси животот! И не само што ме лечеше, туку ми пружи и психолошка поддршка. Таа ми рече: ‘Само опушти се и ќе имаш бебе за една година!’. Така и беше“, изјави таа за српските медиуми, пренесува „Блиц“.

Според пејачката, овој трагичен настан ја зајакнал љубовта меѓу неа и Милан.

„Кога го изгубив бебето, поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа не направи посилни. Милан беше секогаш покрај мене, дури и во тие најтешки моменти“, вели Тијана.

„Отсекогаш сум велела дека ќе родам машко дете, син на мајка, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук! Тој е навистина истиот јас, само е граден како неговиот татко. Додуша, тој е тврдоглав и упорен на Милан. Никогаш не се покаав што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Милан и јас бевме во брак седум години, патувавме по светот и сакавме бебе. Имав абортус со првото бебе, а потоа не можев да забремените по природен пат. Му реков: ‘Ако не забременам до септември, ќе одам на ин витро!’. Таа 2007 година сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас ѝ го работев медиумскиот план. Бев фокусирана на тоа, не размислував за дете и токму тогаш забременив“, заклучила Тијана Дапчевиќ.

Слични содржини