Тијана објави хит-слика на Инстаграм со перика и машки костум

од Elena Daskalova

Тијана Дапчевиќ на Инстаграм сподели фотографија од деновите кога студираше на Факултетот за музичка уметност.

Таа има перика и сценска шминка, а во описот нагласи дека сакала да биде Бах.

„Студент во прва година на ФМУ Скопје, беше некој настан, го свирев Бах, далечната 1995 година“, напиша таа и ги воодушеви своите обожаватели.

Тијана, покрај музичката кариера како пејачка, свири и е професор по виолончело, за кое вели дека ѝ е првата љубов.

Слични содржини