„Тик ток“ агонијата нема крај: Најновиот испад е „дрифтање“ на снег (ВИДЕО)

На социјалната мрежа „Тик ток“, се уште трае агонијата од несовесни граѓани, кои на истата се „фалат“ со секоја нова лудорија.

Имено, со цел да ги покаже способностите на своето возило марка Ауди, се гледа како лице „дрифта“ на паркинг на Водно, притоа на снежна површина.

Оттаму, ова е најновото во низата веќе споделени видеа, на кои уште еднаш се покажува дека граѓани ни најмалку не ги почитуваат сообраќајните правила.

За потсетување, веќе по првите видеа, МВР објави и зазема став, дека секој ваков несовесен возач или лице кое прави било каков прекршок ќе биде согласно Законот санкционирано.

Во продолжение, погледнете го видеото:

@_ilioski#snow #drift #fyp #viral #audi #quattro #skopje #vodno

♬ original sound – ngopari

Слични содржини