TikTok го надмина YouTube!

од Vladimir Zorba

Студијата спроведена од компанијата App Annie, која се занимава со аналитика во областа на мобилните апликации, покажа дека корисниците на апликации поминуваат повеќе време на TikTok отколку на YouTube.

И покрај фактот дека YouTube има повеќе корисници отколку TikTok, видеата, во просек, се гледаат многу повеќе во кинеската, отколку во американската апликација, пишува „BBC“.

YouTube има 2 милијарди корисници, а TikTok „само“ 700 милиони.

И покрај фактот дека има три пати помалку корисници, TikTok, инаку најсимнуваната мобилна апликација во светот во последната година, се користи многу повеќе во САД и Велика Британија отколку YouTube.

Слични содржини