Две девојки во Русија запалија скоро 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидоа да направат видео за „ТикТок“.

Полицијата соопшти дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата.

Се вели дека околу 195 тони слама биле изгорени во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Две ученички избегале откако не успеале да се справат со гаснењето на пожарот. По кратко време, тие и признале на полицијата дека снимале ТикТок видео кога се случил инцидентот.

Слични содржини