Тим на експерти на прагот на револуционерно решение: Средство против вошки лечи од коронавирусот?

од Nikola Popovski

Научниците откриле дека средството за уништување на паразити, како вошките, го убива КОВИД-19 во лабораторија во рок од 48 часа.

Студијата предводена од Универзитетот „Монаш“ покажала дека едната доза на ивермектин може да го запре растот на вирусот САРС-КоВ-2 во клетката.

– Откривме дека дури и единствена доза во основа може да го отстрани целиот генетски материјал на вирусот за 48 часа и дека за 24 часа имало значително намалување на неговото присуството- објаснува д-р Кили Вагстаф од Институтот за откривање биомедицина во Монаш.

Сè уште не е познато како ивермектинот делува на вирусот, но научниците веруваат дека тоа ја загрозува можноста на клетките-домаќини да го расчистат. Следниот чекор е да се утврди точната доза за човекот, за да се уверат дека нема да му наштети на човекот.

– Во време кога имаме глобална пандемија и нема одобрен третман, тогаш сме среќни што знаеме дека имаме соединение, веќе достапно низ целиот свет, што може да им помогне на луѓето побрзо. Реално, ќе биде потребно некое време вакцината да стане широко достапна “, додава д-р Вагстаф.

Научниците очекуваат дека би било потребно биде најмалку еден месец пред да се воведат експерименти врз луѓето.

Студијата е заедничка работа на Институтот за откривање на биомедицината „Монаш“ и Институтот за инфекции и имунитет „Питер Докерти“.

Слични содржини