„TIME“ го избра Елон Маск за „Личност на годината“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Годинешниот добитник на престижната титула „Личност на годината“ на американскиот магазин „TIME“ е Елон Маск, соопштија од овој весник.

Секоја година, од 1927 година, еден од најпознатите американски магазини објавува која е „Личност на годината“ во декември.

Елон Рив Маск е јужноафрикански претприемач и инженер. Тој е основач, директор и главен инженер/дизајнер на компанијата „Space Ex“, ко-основач, директор и дизајнер на производи во Tesla, ко-основач и директор на Neuralink и ко-основач на PayPal.

Личноста на годината ја избира главниот уредник на овој неделник, а критериумите ги дефинираше првиот издавач Хенри Лук.

Се избира личност или личности кои повеќе од другите влијаеле на вестите и нашите животи, без разлика дали во добра или лоша смисла.

До 1999 година, титулата официјално беше наречена „Маж на годината“ или „Жена на годината“.

Слични содржини