Тимоние: Правната држава има клучна улогa во интегративниот процес на С.Македонија во ЕУ

од Vladimir Zorba

„Правната држава има клучна улогa во интегративниот процес на земјата во ЕУ“, порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние по средбата со претседтелот на Уставен – Сали Мурати.

– Франција ќе го поддржи Уставниот суд да може што подобро да се вклопи, како во политичкиот живот, така и во самото општество на Северна Македонија, изјави Тимоние.

На средбата, исто така, било зборувано за соработката во областа на франкофонијата.

Претседателот на Уставен, Мурати изјави дека му е чест и задоволство што има гостин од пријателска земја.

– Ние до сега сме имале одлична соработка со францускиот уставен совет. Со оваа средба сакаме да продолжи и да се продлабочи нашата соработка, вели Мурати.

Фото: Локално

Слични содржини