Тимот на Леброн го освои ОлСтар натпреварот

од Vladimir Zorba

Тимот на Леброн Џејмс го освои 67-то издание на натпреварот на ѕвездите во НБА, победувајќи ја селекцијата на Стеф Кари со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Ѕвездениот викенд се одржа во Лос Анџелес.

Џејмс заврши со 29 поени, 10 скока и 8 асистенции и по трет пат во кариерата ја освои наградата МВП (најкорисен играч) на натпреварот.

За прв пат оваа година „Натпреварот на ѕвездите“ не се одржа во класичен формат Источна против Западна конференција, а двата тима беа со капитени Леброн Џејмс и Стеф Кари, кои сами ги избраа составите за своите тимови.

Изборот на Стеф Кари доминираше во првата четвртина, но на пауза беше 78:76. Тимот на Џејмс стигна до успех по силна игра во последните две минути. Тој израмни 144:144 откако постигна тројка 1:30 минути пред сирената. Следеше пенал на ДеРозан за тимот на Кари, по што Џејмс постигна кош за 146:145 на 34.5 секунди пред крајот. Конечниот резултат го оформи Расел Вестбрук на 10,7 секунди пред крајот.

Стеф Кари заврши со 11 поени. Од неговиот тим, Демиен Лилард и Демар Дерозан постигнаа 21 поен.

Кевин Дурант постигна 19 поени за победниците, а Џорџ додаде 16.

Леброн Џејмс го одигра 14-тиот по ред меч на ѕвездите во својата кариера.

Меѓу гостите на ОлСтар шоуто беа актерите Џек Николсон, Арнолд Шварценегер, Елен Помпео и Џулијан Мур, раперот Снуп Дог, пејачките Бијонсе и Ријана, комичарот Крис Рок, боксерот Флојд Мејведер, како и поранешните кошаркарски ѕвезди Карим Абдул-Џабар, Џери Вест и Бил Расел.

Слични содржини