Тимот на Навални ги распушта канцелариите: Дали е ова крајот?

од Stefanija Kuzmanovska

Тимот на Алексеј Навални, затворениот руски опозиционер, денес објави дека ги распушта канцелариите на кампањата за регионална мрежа низ цела Русија.

Објавата се појави на Јутјуб и доаѓа пред судското рочиште, кое ќе се смета за барање на обвинителството за прогласување на главните столбови на политичката организација на Навални за „екстремистички“, пренесува „Ројтерс“.

Навални, главниот критичар на Кремљ, издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условната слобода.

Намерата да се прогласат за екстремистични активностите на неговата организација, многу западни медиуми ја сметаат за последен удар на Путин за неговиот најголем критичар.

Навални беше апсен постојано за време на неговите политички активности, тој предводеше стотици илјади луѓе кои протестираа против режимот на Владимир Путин. Просториите на неговата организација беа пребарувани безброј пати, активисти беа уапсени.

Секако, најголемото сомневање на Западот кон Путин е случајот на труење на Навални, со нервниот агенс новичок, како резултат на што опозиционерот едвај преживеа.

Слични содржини