Тимот на Северина ги демантираше гласините за иселувањето на Игор од нејзиниот стан, еве што велат

од Stefanija Kuzmanovska

ПР тимот на Северина ги негираше написите во медиумите за иселување на Игор Којиќ од нејзиниот стан во Загреб, објави „Дневник.хр“.

Нивниот демант е пренесен во целост.

„Написот поврзан со приватниот живот на Северина, објавен во печатеното и веб-изданието на 24сата, беше измислен и поддржан од стари фотографии. Затоа, како медиум, ве замолуваме да не пренесувате измислици што не се поткрепени со никакви докази, а поради што ќе бараме заштита со правни средства.

На новинарско прашање од 24сата, јасно беше одговорено дека Северина минатата недела снимила неколку кампањи, а за пробите на костумите во нејзиниот стан биле донесени и однесени работи кои немаат никаква врска со нејзиниот приватен живот. Комбето споменато во написот само ги донесе костумите пред неколку недели.

Бидејќи новинарот на 24сата тврдеше дека поседуваат фотографии, фотографиите беа побарани на увид за да можеме да разјасниме за која кампања станува збор, но добивме бараж неразумни повици за незаконски барања.

Уште еднаш, апелираме до медиумите да не пренесуваат написи засновани врз никакви докази кои често се појавуваат во некои српски медиуми и во 24сата“, велат од тимот на Северина.

Да потсетиме, според „24сата“, Којиќ бил виден оваа недела по долго време пред станот на Северина во загребскиот Козјак, а очевидците тврдат дека тој влечел куфери и костуми на закачалка, и ги ставал работите во комбе со белградска регистрација.

Северина и Игор веќе долго време не се појавуваат во јавноста заедно и со месеци се шушкаше за нивниот развод, па дури и ги избришаа заедничките фотографии од Инстаграм, што дополнително ги разгори гласините.

Двајцата сè уште молчат за сè, а најновите информации за нивната врска ги соопшти таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба, кој во декември минатата година за српски „Телеграф“ откри дека Северина не е во Белград веќе неколку месеци.

Слични содржини