Тимови кои вредат две милијарди евра одиграа катастрофален фудбал

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа 0: 0 во дербито на 12-тото коло на Премиер лигата.

Јунајтед ја бркаше својата петта последователна победа во лигата во 183. градско дерби, но не одиграа натпревар во согласност со формата во последно време.

Давид де Хеа одлично интервенираше по ударот на Габриел Жесус во првото полувреме, додека Јунајтед беше најблизу до погодок кога по еден корнер, Хари Мегваер шутираше над гредата.

На Јунајтед му беше досуден пенал во 48-та минута, по фаул над Маркус Рашфорд, но ВАР ја поништи таа одлука бидејќи Рашфорд беше во офсајд по додавањето на Бруно Фернандеш

Сити не се закани многу во преостанатите 45 минути, имаше неколку ветувачки напади од обете страни, но без вистински финиш.

Резултатот до крајот остана како на стартот, со многу скромна статистика бидејќи и двете екипи упатија само по два удари кон противничкиот гол.

Манчестер јунајтед има 20 бода на седмото место по 11 одиграни натпревари, додека Сити е осми со 19.

И двата тима имаат по еден натпревар помалку – Јунајтед против Барнли, и Сити против Астон Вила.

Слични содржини