Актуелно
Почетна / Македонија / Тимовите на Црвениот крст со помош и поддршка на најранливите категории

Тимовите на Црвениот крст со помош и поддршка на најранливите категории

Црвениот крст на РСМ уште од појавата на коронавирусот во нашата држава е присутен помеѓу населението со превентивни активности како и помош и поддршка на најранливите категории на население.

Во 15 градови формирани се мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е да вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).

Во 7 градови отворени се линии за психосоцијална поддршка.


Дополнително се врши дистрибуција на хуманитарна помош за бездомници и се спроведува кампања за подигање на свест преку дистрибуција на постери за промоција на хигиена и заштита од корона вирус

Сакаме да се заблагодариме на сите граѓани за довербата и сета поддршка која ја добиваме како и за интересот за вклучување во нашите активности во овие тешки времиња.

loading...