Тинејџер од Тексас го пријавил својот татко за напад на Конгресот

од Stefanija Kuzmanovska

Тинејџер од Тексас, Џексон Рефит, го пријавил неговиот татко во ФБИ за учество во нападот врз зградата на Конгресот.

Неговиот татко, Гај Рефит, подоцна беше уапсен за учество во немирите, а според изјавите на ФБИ, 48-годишникот е поврзан со екстремистички воени групи. За време на апсењето, полицијата пронашла две оружја во неговиот стан.

ФБИ го пронајде благодарение на снимките од немирите објавени од „Фокс њуз“.

Истражителите контактирале со 18-годишниот Џексон Рефит кој им помогнал да ги докажат своите сомнежи, пишува The Times.

„Предавниците добиваат куршум“

ФБИ соопшти дека уапсениот Гај Рефит откако се вратил од Вашингтон, наводно им се заканил на децата: „Ако ме пријавите, вие сте предавници, а знаете што се случува со предавниците … Предавниците добиваат куршум“.

Тој, во меѓувреме, беше обвинет за нелегално влегување во зградата на Конгресот, попречување на правдата и закани кон членовите на семејството.

„Ги оставив своите емоции настрана и го направив она што мислев дека е правилно“, изјави Џексон Рефит за „Тајмс“. Тој додаде дека не жали за својата одлука и дека не е сигурен дали неговиот татко знае што се случило.

Тинејџерот повеќе не е во семејната куќа и се наоѓа на тајна локација од страв за сопствената безбедност. Тој тврди дека само сакал да се знае дека неговиот татко се заканувал дека ќе направи „нешто големо“.

„Не знаев што планира да направи, па направив се што е можно за да се заштитам себеси и другите“, рече тој.

Слични содржини