Тинејџер се преврте со автомобил, повреден сопатникот

од desk2

 

Деветнаесетгодишно момче од Градско со автомобил удрило во ограда, по што возилото се превртело. Во несреќата е повредено едно лице.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила синоќа околу 1 и 30 часот по полноќ, на магистралниот пат Градско – Прилеп кога Љ.Т. со автомобил „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата во Кавадарци.

Слични содржини