Тинејџерка била киднапирана и силувана од двајца мажи

од Milan1

14-годишна тинејџерка, која била киднапирана и силувана од двајца мажи, била спасена откако полицијата употребила ГПС на апликацијата Снепчет на нејзиниот телефон за да ја пронајде.

Девојката (14), чие име не е познато, наводно била намамена во станот од маж, откако минатата недела побегнала од дома во областа Кабузел во Марсеј во јужна Франција, пренесува Индипендент.

Тинејџерката изјавила дека била принудена да пуши канабис пред 26-годишниот и друг маж (64) наизменично да ја силуваат и да ја принудат на бројни сексуални дејствија.

Полицијата во петокот наутро ја известиле родителите на девојчето кога таа испратила пораки преку Инстаграм во кои објаснува дека е киднапирана и претепана, но не можела да прецизира каде е однесена.

Од девојката било побарано да ја вклучи функцијата за локација на Снепчет, која им овозможува на корисниците да видат каде сте и полицијата потоа можела да ја следи нејзината адреса.

Кога полицијата ја нашла станбената зграда, почнала да тропа на секоја од вратите се додека тинејџерката не испратила порака со „да“ за да потврди каде точно се наоѓа.

Кога полицајците упаднале во станот во петокот вечерта, во него имало еден осомничен кој се обидел да ги избрише доказите од неговиот телефон додека бил приведен.

Двајца мажи беа уапсени и обвинети во обвинителството во Марсеј во неделата за киднапирање и силување на малолетно лице.

По прегледот на девојчето било констатирано дека било под дејство на дрога и е хоспитализирано на итна помош.

Подоцна била вратена кај нејзиното семејство.

Слични содржини