Тинејџерот кој го изврши масакрот во основно училиште во Тексас: Убиени се 18 ученици (ФОТО)

од Nikola Popovski

Салвадор Рамос е идентификуван како 18-годишен осомничен за масовното пукање во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, во кое загинаа 15 лица, меѓу кои 18 ученици и двајца возрасни од кои еден е наставник , изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Тој на прес-конференција информира дека полицијата извршила „брза акција“ на местото на масовното пукање, но дека, за жал, за многу деца било доцна.

Абот додал дека убиецот повеќе не е жив.

„Убиецот беше Салвадор Рамос, 18-годишен млад човек кој живееше во Увалде“, истакнал гувернерот.

За потсетување, 18 ученици и двајца возрасни загинаа во пукање во основно училиште во градот Увалде, во американската сојузна држава Тексас, соопштија официјалните лица од локалната болница.

Гувернерот на Тексас Грег Абот изјави дека осомничениот ја застрелал и својата баба пред да влезе во училиштето и отворил оган врз децата.

Тој додал дека меѓу повредените има и двајца полицајци кои први се јавиле на повикот, наведувајќи дека лекарите посочиле дека не се во животна опасност.

Слични содржини