Тинејџер на мотоцикл загинал во сообраќајка во Кичево

Сообраќајната несреќа се случила вчера попладнето на раскрсницата на улиците „Борис Кидрич“ и “Мирко Милески“ во Кичево.

од desk2
34 прегледи

Во судир на мотоцикл „Хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Кичево, со „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е. (21) од село Стрелци, вчера во Кичево малолетникот задобил тешки повреди, од кои починал на пат кон Клиничкиот центар во Скопје, соопшти МВР.

Сообраќајната несреќа се случила вчера попладнето на раскрсницата на улиците „Борис Кидрич“ и “Мирко Милески“ во Кичево. По несреќата малолетникот кој што се здобил со тешки телесни повреди, им подлегнал на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен е увид од надлежен јавен обвинител од ОЈО Кичево и увидна екипа од ОВР Кичево.

Слични содржини