Тиодоровиќ: Делта сојот на коронавирусот доминира во Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, изјави дека сѐ укажува на тоа дека делта сојот на коронавирусот е доминантен во Србија и дека ќе се зајакне.

Тиодоровиќ за РТС изјави дека се очекува по враќањето на граѓаните од одмор, да има зголемување на бројот на лица позитивни на коронавирусот, пренесува „Танјуг“.

Според него, сериозноста е неопходна, но ситуацијата се уште е под контрола.

„Имаме помал број хоспитализирани лица во целата земја. Мислам дека треба да бидеме внимателни, но нема простор за паника. Луѓето што се враќаат од летните одмори мора да се посветат и да се контролираат“, нагласи Тиодоровиќ.

Тој рече дека не верува дека ќе се воведе контролен ПЦР кај граѓаните кои се враќаат од одмор во земјата, и додаде дека граѓаните можат да влезат во земјата дури и ако се позитивни на коронавирусот.

Слични содржини