Тирамису со рум, рецепт кој сите го сакаат

од Elena Daskalova

Ова тирамису толку лесно се подготвува што ќе ви стане омилен дел од трпезата и ќе сакате да го подготвувате секој ден, бидејќи веднаш го снемува.

Состојки:

4 жолчки
Една шолја шеќер
500 гр маскарпоне
200 мл слатка павлака
3 пакувања пишкоти
Нескафе
Шеќер
Рум
Какао

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го маскарпонето и добро изматете. Во друг сад изматете ја слатката павлака, па соединете ги филовите.

Нескафето растворете го со млака вода и додадете рум. Потопете ги пишкотите во смесата па редете ги во тава. Врз секој ред ставајте од филот и наросувајте го какаото.

Не подготвувајте двојна количина бидејќи е рецепт со свежи живи јајца и може да се расипе. Подобро е да го направите повеќепати за да не ризикувате.

Слични содржини