Тито Петковски: Не очекував таква експлозија од национализам од албанска страна

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 претседателот на НСДП, Тито Петковски истакна дека е изненаден од национализмот од албанска страна

-Ние на етнички план сме хетерогено општество, огромни разлики во политичката ориентација и идеологија меѓу политичките партии и многу политички играчи ги дочекуваат со можност ако можат нешто „незаслужно“ што го сработиле или не го сработиле да добијат. Ова е една од најсложените состојби за формирање на стабилна влада.

На овие избори не очекував таква експлозија на национализам од албанска страна. Не е тајна дека ВМРО игра на националистичка карта, но не очекував од другата страна такво нешто по охридскиот договор, односно од ДУИ.

Има распоред на пратеници како и да ги споите ќе биде неприроден спојот. на една страна сдсм со коалиција можеме се борат за европска иднина, од друга страна имате жесток притисок да се вратиме назад да се промени договорот од Преспа и со Бугарија.

Во услови на ваква огромна пандемија , катастрофални економски последици секаде низ светот најприродно беше да се направи влада на национално единство. Ама како тие два непомирливи света да ги споите. Што би рекол нашиот народ „Собрани се како рогови во вреќа“ и ајде вие направете национална влада на единство, рече Петковски.

Слични содржини