„Тој доаѓа“ ќе заврши со „Тој си оди“, велат од Алтернатива за митингот на ДУИ

од Nikola Popovski

Синоќа имаше скапа приватна забава на ДУИ. Синоќа по седми пат се докажа дека Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, барем не на Артан Груби, соопштија од Алтернатива.

„Додека Албанците едвај врзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно ја напуштаат земјава барајќи излез, ДУИ е исклучиво насочена кон сузбивање на внатрепартискиот бунт. Да ја парафразираме поговорката дека „Селото гори, а Артан игра фудбал и кошарка во државните кабинети и собира партиски активисти во спортските сали“.

Очигледно нечиј страв е покриен со слаби митинзи до збунетите партиски активисти. И, за оваа цел, не се штедат ресурси. Тие го злоупотребуваат секој атом на извршната власт. Ваквото отуѓување на ДУИ од народот е најмоќната мотивација за Албанците на следните избори да го казнат овој расипнички модел на власт што ги држи во заложништво“, велат од партијата на Гаши.

Алтернатива, велат, е подготвена да биде олеснувач во процесот на консолидација и обединување на општествените сили „кои се подготвени конечно да се спротивстават на династијата ДУИ“.

„Како што ДУИ почна да ги потценува Албанците, сигурни сме дека наместо „Тој Доаѓа“ ќе заврши со „Тој си оди“, се додава во соопштението на партијата.

Слични содржини