„Тој е среќно и дебело бебе“: Ријана проговори за својот шестмесечен син

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатата пејачка Ријана и нејзиното момче АСАП Роки добија син пред шест месеци.

Популарната двојка не ѝ откри на јавноста какво име му дадоа на својот наследник, но пејачката сега за прв пат јавно проговори за момчето.

„Тој е многу смешен. Среќно бебе е… и дебело“, раскажа таа неодамна низ смеа во интервју за „Пипл“, а потоа продолжи:

„Сега сме во фаза кога само се гушкаме и галиме, немам на што да се жалам. Прекрасен е“, истакна пејачката.

Ријана активно планира кога ќе се спакува и ќе отпатува на Барбадос со нејзиниот син, за тој да се сретне со остатокот од семејството.

Таа откри во што најмногу ужива кога станува збор за нејзиниот наследник.

„Да се ​​биде мајка е лудило. Нон стоп сум инспирирана, расположена. Но, неговата насмевка… Тоа ми е сè на светот. Кога ќе ми се насмее, сите грижи исчезнуваат“, истакнува таа.

Слични содржини