„Тоа беше блиску“: Репортер се јави од Киев, а потоа се слушна експлозија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Застрашувачко видео снимено од американската CBS ги открива сите ужаси од војната во Украина. Во моментот кога живо се јави нивниот репортер Чарли Д’Агата од Киев, во негова близина експлодирала бомба.

На видеото се гледа блесок на бела светлина, додека новинарот известувал, која потоа го осветлува небото во позадина.

Д’Агата веднаш се свртил да види што се случило пред да се сврти кон своите колеги и да им каже: „Што беше тоа по ѓаволите?

„Не знам што беше, речиси како гром. Беше голем блесок, а потоа…“, рече тој.

Потоа следела уште една експлозија, од која изглеле облаци од портокалов чад до височините.

Тој веднаш побарал засолниште и можело да се слушне како вели: „О, тоа беше блиску. Доволно блиску за да се види блесок“.

Не е јасно каде точно се случиле експлозиите во Киев. Во вторникот беше бомбардирана телевизиската кула во главниот град на Украина. Кулата се уште стои по нападот, но зградите околу неа се оштетени.

Слични содржини