Тоа бил планот од почеток: Меган Маркл повторно ќе глуми?

од Elena Daskalova

Откако и официјално ги напуштија своите задолженија како сениор-членови на кралското семејство, медиумите не престануваат да шпекулираат со што сега ќе се занимаваат принцот Хари и Меган Маркл.

Според магазинот „Ју-ес викли“, Меган сериозно размислува да се врати во филмската индустрија и да ја продолжи актерската кариера. Таа, наводно е во контакт со повеќе агенти, кои ќе ѝ најдат добри договори за снимање филмови и серии.

Но, од друга страна, филмските критичари не се сигурни дека ова е паметен потег, бидејќи „таа и не е некоја посебно добра актерка“. Наводно, планот на Меган е да ја искористи моменталната популарност и повторно да се обиде да снима, но овојпат во посериозни улоги, бидејќи освен во „Suits“, сите дотогашни ангажмани биле во нискобуџетни проекти.

Слични содржини