„Тоа е државно пиратство“: Лукашенко го разбесни Брисел, ЕУ бара меѓународна истрага

од Stefanija Kuzmanovska

Западните политичари денес остро ја обвинија Белорусија за „државно пиратство“ кое наликува на „воен чин“, откако официјален Минск присилно слета патнички авион и уапси новинар кој беше во него.

Европските лидери во понеделникот се заканија со ограничување на меѓународниот воздушен сообраќај над Белорусија и евентуално ограничување на нејзиниот копнен транспорт, откако патнички авион на  на компанијата „Рајанер“ беше принуден да слета во инцидентот што западните земји го прогласија за „државно пиратство“.

Во меѓувреме, некои земји веќе забранија летови над белорускиот воздушен простор.

Британската агенција „Ројтерс“ оценува дека вчерашната акција, во која белоруски воен авион го пресретна летот на „Рајанер“ меѓу Грција и Литванија и го принуди да слета во Минск, е скоро незапаметена и дека поостри осуди никогаш не биле изречени на сметка на ваков настан.

По слетувањето на патничкиот авион, белоруските власти го уапсија опозицискиот новинар Роман Проташевиќ.

„Ова всушност беше воздушно пиратство спонзорирано од државата“, рече министерот за надворешни работи на Ирска, Симон Ковини.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линд изјави дека таквата акција е „опасна и несовесна и дека ЕУ ќе постапи“.

Шефот на британскиот парламентарен комитет за надворешни работи, Том Тугендат, спомена дека летот е реализиран меѓу две земји, кои и двете се членки на ЕУ и на НАТО и дека „ако тоа не е воен чин, тогаш тоа е секако налик на воен чин “.

Белорусија објави дека се решила на ваква акција по дојавата за бомба, што според „Ројтерс“, подоцна се покажало како лажно тврдење.

Подоцна беше објавено дека контролорите на земјата дале упатства за тој лет, но не му наредиле слетување.

ЕУ бара да биде започната меѓународна истрага за присилното слетување на авионот на „Рајанер“ на аеродромот во Минск.

 

Слични содржини