Тоа е ризик за луѓето: Британскиот шеф на здравството ја нападна Гвинет Палтроу

Шефот на британската здравствена служба (NHS) Симон Стивенс обвини дека новиот документарен серијал на Гвинет Палтроу на Нетфликс претставува „значаен здравствен ризик“ за јавноста, пренесува BBC.

Гвинет Полтроу сега

Серијалот The Goop Lab, снимен во седиштето на нејзината фирма за здрав живот, ги истражува алтернативните методи на лекување.

Нетфликс објави дека целта на серијалот е „забава, а не да пружи медицински совети“. Но, Стивенс обвини дека серијалот шири дезинформации.

Портпаролот на Goop, вли дека серијалот е „транспарентен во покривање на новите теми кои можеби немаат поддршка во науката или се во рана фаза на анализа“.

Контроверзниот документарец во продолженија, започна да се емитува во петокот, на 24 јануари.

Во шесте продолженија, Палтроу, ангажирала лекари, истражувачи и антернативци како би ги испитале постапките од „енергетски егзорсизам“ до употреба на психоделични дрога во лекување на ментални болести.

Стивенс, во говорот кој го одржа во Осфорд, ја нападна Палтроу и нејзиниот тим за промоција на постапки кои предизвикуваат значаен ризик за здравјето или митови како лекување со исцелител.

Нејзината фирма Goop сега е вредна околу 250 милиони долари.

Слични содржини