„Тоа го можат само сатанисти“: Захарова реагираше на санкциите врз патријархот Кирил

од Nikola Popovski

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на одлуката на канадските власти да воведат санкции за рускиот патријарх Кирил, посочувајќи дека такво нешто можеле да направат само сатанисти.

-Само сатанистите би можеле да воведат санкции на патријархот, рече таа.

Да потсетиме, Канада ги прошири рестриктивните мерки против Русија и воведе санкции против патријархот московски и на цела Русија Кирил, објавено е на веб-страницата на канадската влада.

Првиот канал, руската државна радио и телевизија, РТ, Спутник и други руски медиуми беа вклучени на листата со санкции, а властите во Отава воведоа и забрана за увоз на злато и производи од злато од Русија.

Слични содржини