„Тоа нема да потрае“: Првиот сопруг на Џеј Ло зборуваше за бракот на пејачката со Афлек

од Stefanija Kuzmanovska

Познато е дека Џенифер Лопез се мажеше повеќе од три пати. Иако таа не ги брои пократките бракови, нејзините поранешни се чиста спротивност. На пример, нејзиниот прв сопруг, Охани Ноа, сега „е загрижен дали ќе успее нејзиниот брак со Бен Афлек“, земајќи го предвид тоа „како таа размислува“.

Да потсетиме, Ноа ја освои Џенифер додека тој сè уште работеше во ресторанот на Глорија Естефан во Мајами. Нивната голема љубов беше крунисана со брак во февруари 1997 година.

Сепак, една година подоцна – сè се распадна.

„Навистина им посакувам се најдобро на неа и на Бен, но еве, да ви кажам зошто не верувам дека тоа ќе потрае“, започна тој за „MailOnline“.

„Џен обожава да биде заљубена, но беше верена, колку пати… ? Шест пати и Бен е сопруг број четири. И мене ми кажа дека јас сум љубовта на нејзиниот живот, лежевме во кревет, тоа беше нашата прва брачна ноќ. Таа рече дека засекогаш ќе бидеме заедно“,  додаде тој, а околу ова набрзо се крена голема прашина.

Слични содржини