Тодоров го пофали Филипче: Одлично се бори со Ковид-19

од Берта Китинска

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска имаше пофални зброови за неговиот актуелен наследник Венко Филипче за кого напиша дека одлично се борел со Ковид-19.

 

„Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19. Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија“, пишува Тодоров во денешната колумна за Дојче Веле.

Тодоров, кој го раководеше министерството за здравство до 2017-та, ги повика политичарите, експертите и новинарите да не го напаѓаат кредибилитетот Филипче и останатите функционери за време додека, како што вели тој, светот се справува со пандемијата на корона вирусот.

Слични содржини