Тодоров: Михајлов бил претседател на ВМРО, не можеме да ја бугаризираме цела организација

од Nikola Popovski

Ако тргнеме на тој начин, цело ВМРО ќе го бугаризираме. Тоа е организацијата од која се појавуваат никулците на македонската борба за државност. Таа потоа се заокружува со НОБ и АСНОМ. Мораме да бидеме претпазливи, не можеме сите да ги бугаризираме. Не би одел до толку, вели поранешниот министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Според него, Ванчо Михајлов бил еден од составните раководни лица на ВМРО.

-Бил претседател на ВМРО, пред него Тодор Александров. Не можеме така да ги гледаме работите. Мислам дека господинот Петков не знаеше како се прима името Ванчо Михајлов кај нас. Тој мислам не ја знае историјата. Прилично сум убеден дека неговите советници тоа го знаеле и морале да го знаат. Целата работа покажа колку е тежок македонско-бугарскиот спор. Овој спор е мислам потежок од оној со Грција. Историчарите нема никогаш да се договорат за историската вистина, смета Тодоров во изјава за „Само вистина“.

Слични содржини