Тодоров: Мијалков го познавам долго време, бегањето не личи на него

од Nikola Popovski

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство, Никола Тодоров вечерва изјави дека исчезнувањето на Мијалков било лошо, но неговото појавување е добро.

„Сашо го познавам долго време и бегањето не личи на него, но појавувањето личи на него“, вели Тодоров за емисијата „Топ тема“, додавајќи дека не може да не се види каде затаил системот.

„Заев како премиер мора да го направи тоа. Мора да се лоцираат слабите точки. Треба да се има одговорност за ова“, истакнува поранешниот министер.

Слични содржини