Тодоров: Никој повеќе од 8 години не треба да биде на висока позиција за да не изгуби допир со реалноста

од Берта Китинска

За актуелната политичка ситуација во земјава, поранешен министер за здравство Никола Тодоров вели дека „ни на ВМРО не му одговараат избори пред октомври годинава. Тоа што бараат избори е работа на опозицијата, но дали им одговара една изборна единица на големите или на малите партии не сум сигурен“.

-Јас сум пораснат во ВМРО, но сега не сум активен во органите на партијата, добро е сега да се направи една дистанца. Ова ми доаѓа добро, јас сум за тоа дека никој повеќе од 8 години не треба да биде на висока позиција за да не изгуби допир со реалноста. Не сме ние незаменливи, дошле нови луѓе. Се вратив на мојата професија – адвокат. Мислам дека дистанцата ми овозможи потрезвено да гледам на политиката. Не би го направил плаќањето по учинок во здравството, од оваа дистанца ако направам анализа. Во образование тргнав со измена на законот за високо образование. Тоа е сегмент кој требаше подобро да се организира, вели Тодоров, во Студио 10.

Слични содржини