Тодоров: Проблемот е што Бугарија смета дека не бил окупатор туку дека ја ослободила Македонија

од Берта Китинска

Проблемoт во односите со Македонија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор. Во Бугарија се вели дека не биле окупатор туку дека ја ослободле Македонија. И тука е проблемот, вели историчарот, професор Петар Тодоров во Утрински брифинг.

Кога политичар коментира за историја оди на тенок мраз и обратно, коментира Тодоров.

-Пишување учебници е сложен процес, вклучува повеќе актери и фази и треба време. Може да вклучува политика, но експертите го даваат концептот. Но, мора да се земе предвид светската наука и она што подобро ја објаснува денешницата, вели тој.

Историското образование треба да поттикнува критички став. Тодоров вели дека мултиперспективноста погрешно се разбира, тоа значи не е само да се дадат двете претстави туку да се објаснат тие перцепции.

-Така ќе се одземе историјата како алатка за радикализација. Такво е современото разбирање на историјата. Сѐ друго води кон граѓани кои може лесно да бидат манипулирани од политичките елити, нагласува Тодоров.

Слични содржини