Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто бара референдум за Договорот со Бугарија, а не и за тој со Грција

од Nikola Popovski

Немам комуникација со Мицкоски. Надвор сум од партиските структури. Функционирам како адвокат. Мислам дека донесов добра одлука, изјави денеска поранешниот министер и функционер Никола Тодоров околу тоа дали во моментов е партиски активен.

Според него, адвокатурата му овозможила малку повеќе да се посвети на семејството, но и да размисли за сѐ она што се случило во минатото и за сите негови одлуки.

Тодоров смета дека пред да се донесе одлуката околу евентуален референдум предложен од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата треба да одговорат на неколку прашања.

-Пред сѐ, јас сум секогаш за референдум. Како демократ, секогаш сум за тоа. Мислам дека вечерва кога ќе дискутираат на Извршниот комитет, од партијата треба да одговорат како ќе им одговорат на најтврдокорните „зошто се расправа за референдум за Договорот со Бугарија, а не за Договорот со Грција“. Може и тоа прашање, на кое треба да имаат договор. Второ прашање што доколку референдумот не успее и дали има изгледи дека ќе успее. Трето прашање на кое треба да одговорат во однос на Албанците. Може да дојде до поделба бидејќи не верувам дека има Албанец кој ќе гласа „за“ на референдумот и поништување на Договорот со Бугарија и како ќе се одрази на идниот коалициски капацитет на партијата. Се плашам дека доколку референдумот не успее, СДСМ ќе протоколкува како мнозинството граѓани одлучиле дека Договорот е прифатлив и тоа може да му направи проблем на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, вели Тодоров во емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини