Тој, таа, тие: Американците ги бираат своите заменки

од desk4

Емили Гарднер, која смета дека „е повеќе женско отколку не“, пред неколку години им рече на членовите на семејството дека повеќе би сакала кога зборуваат за неа да ја користат заменката „тие“, отколку „таа“.

Таа 23-годишна девојка е пример дека меѓу прогресивните Американци се повеќе е распространет трендот дека имаат право да изберат заменка која ќе ја користат за себе, а која нема да зависи од нивниот пол.

Битката се води на визит-картички, во електронски потписи и на социјалните мрежи, каде директно наведуваат која заменка ја користат за себе.

И „тие“ е се повеќе популарна заменка и кај оние што се „бинарни“ и кои не се идентификуваат ниту како женски ниту како машки пол.

Книжарницата во Филаделфија, во која работи Гарднер, го поддржува тоа и на пултот има поставено натпис на кој пишува: „Ве молиме, не ја претпоставувајте заменката на вработениот, прашајте“.

„Ништо ново“

„Небинарните луѓе постојат отсекогаш. Тоа не е ништо ново, не е тренд, едноставно сме такви, рече Пидгеон Пагонис, уметник од Чикаго, кој се претставува како „тие“.

– Кога луѓето не ги почитуваат заменките, тоа ме притиска одвнатре, не се чувствувам добро“, рече Пагонис, кој го промовираше брендот облека „Пресладок да бидеш бинарен“.

Полово неутралните заменки, долго ограничени за ЛГБТ заедницата, „стануваат се повеќе попупални, дури и надвор од големите градови“, вели социологот Карла Фефер.

– Подемот на социјалните медиуми значи дека културните трансформации можат да се случат побрзо и да се прошират повеќе отколку порано, рече таа.

Ова се надоврзува и со фактот дека не-бинарните луѓе се повеќе се застапени на телевизија и во поп културата, како што е британскиот уметник Сем Смит, кој неодамна рече дека сака да ја користи заменката „тие“ за себе, „откако цел живот бил во војна со својот пол“.

Но, заменката „тие“ не е популарна насекаде и може да предизвика потсмев, а критичарите истакнуваат дека е претерано политички коректна.

Ова утро во „Старбакс“ баристите имаа заменки кои сами ги избраа, напиша неодамна на Твитер конзервативниот активист Чарли Кирк, кој го поддржува Трамп.

– Ние создаваме општество на луѓе кои едвај чекаат да бидат навредени, оцени тој.

„Тие“ како една личност

Во Њујорк „родно неутралниот“ пазар со облека под името The Phluid Project продава здолништа, капи и чевли со високи потпетици и ги поттикнува купувачите да гледаат надвор од рамката на бинарност.

Американскиот финансиски главен град особено го прифати тој ментален склоп, нудејќи нова неутрална категорија која од јануари може да се запише во изводот на раѓање.

Речникот Мериам-Вебстер неодамна го додаде зборот „тие“ како небинарна заменка која може да се однесува само на една личност. А Ејпл во последната верзија на својот оперативен систем додаде „неутрални“ емотикони кои не прават разлика меѓу половите.

Бидејќи овој тренд се повеќе се одомаќинува, се поголем број бинарни луѓе ги истакнуваат заменките „таа“ или „тој“ на профилите на социјалните мрежи и на друго место како знак на солидарност.

Елизабет Варен, една од фаворитките во трката за претседателска номинација од демократите за 2020 година минатиот месец стана шестата кандидатка која ја додаде заменката „таа“ на социјалните медиуми.

– Секоја личност заслужува да се третира со достоинство и почитување, а тоа почнува со вистинската заменка. Јас сум Елизабет. Мојата заменка е таа/нејзино, објави на Твитер.

Кандидатот Пит Бутигиг, хомосексуалец, се одреди како „тој“, а своите заменки ги истакнаа и хетеросексуалните кандидати Џулиан Кастро, Кори Букер и Том Стајер.

Слични содржини