Токму тоа што би го сакал принцот Филип: Чарлс, Вилијам и Хари разговарале по погребот

од Stefanija Kuzmanovska

Принцовите Чарлс, Вилијам и Хари разговараа повеќе од два часа по погребот на војводата од Единбург, пишуваат британските медиуми.

Ова дополнително ја воодушеви британската јавност, покрај видеото во кое се гледа како по погребот на принцот Филип, Вилијам и Хари одат едни покрај други и разговараат. Исто така, првпат јавноста ги гледа заедно откако Хари се повлече од кралските должности.

По погребот на неговиот татко, принцот Филип, Чарлс разговараше со неговите синови, кои не беа во добри односи повеќе од една година. По долго време, тројцата седнаа да разговараат сами, што, според медиумите, е токму тоа што би сакал принцот Филип, пишува „Индекс.хр“.

Се тврди дека сопругата на Чарлс, Камила, го напуштила замокот еден час пред нејзиниот сопруг, кој останал со неговите синови. Извори тврдат дека ова давало надеж дека овој разговор може да биде причина за решавање на конфликтот што постои во семејството откако Хари и неговата сопруга Меган го напуштија кралското семејство пред повеќе од една година.

Се шпекулира дека Хари ќе остане во Лондон до среда, кога кралицата Елизабета ќе наполни 95 години, а наводно ќе му се придружи и на неговиот брат принцот Вилијам, кој на почетокот на јули ќе го открие споменикот на принцезата Дајана во палатата Кенсингтон.

Слични содржини